остава (гл.) - за (предл.)

Попови вера оставале за една моја тасма.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
До правосилноста на меѓупресудата судот ќе застане со расправањето за износот на тужбеното барање (чл. 316, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Виде дека тоа претставува бања; онаа бања која Илко си ја замислуваше да се изгради на брегот по згаснувањето на чадот: брегот беше изнавезан со зелена, жолта кафеава и лилава боја; бањата: ѕидовите, бели, а покривот црвен; по брегот разни дрвја, цвеќиња, клупи за седење, рекичка, мостиња; најдолу пишуваше: ”Јас, Илко Лечоски му оставам за спомен на селово урнек од бањата која ќе се гради на брегот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кај си смеел тука друго, другото го оставаме за другпат...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите тие влакна од под нос и слични места.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Во делумна пресуда или во меѓупресуда судот може да изрече дека одлуката за трошоците се остава за подоцнежната пресуда (чл. 159, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)