одмазди (гл.) - за (предл.)

Толе уште тогаш со алчност ги погледа арамиите и нивните јатагани, кубури и пушки со кои овие се бранеа од Турците и со кои и колеа по некого што им паѓаше в раце да им одмаздат за многуте зулуми што им правеа на христијаните и сиромасите, како Адембег на неговите родители и нему.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најдо се израдува што така бргу ќе му се исполни желбата да си одмазди за нивата и маките во јамата од стрика му. — Јас — рече — ќе ода напред.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го бапна на земја и тргна да го поведе танецот, доволен што си одмазди за некнежните удари со јатаганот по раце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Беснееше таа сѐ повеќе, ама ѓоа не знаеше кому попрво да му се одмазди за својата мака.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тука го препозна Трајка дека тој го удри по глава кога му влегоа во конакот да ја спасуваат Анѓа и уште толку го зацврсти решението него да го осуди на смрт и со тоа да се одмазди за сето она што му го направија Мариовците за овие дваесет и седум години борба. – Што велиш сега, Анѓо?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Прашуваше има ли некаде во Европа старски дом за сиромашни галабици на кои, нели, не им личи да пцовисуваат на улица, а и да сакаат веќе не можат никому да му се одмаздат за беспарицата што им ги кубе крилјата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Прва мисла што му се родила била, кога ќе дојде времето, да одмазди за татка си.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Вистина ќе го убиеме и Луман без јатак помалку зулуми ќе прави, ама затоа друго лошо ќе сториме: синовите и внуците ќе сакаат да одмаздат за него.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Ах, - пристори Луман и од бес што не ќе одмазди за својата смрт, со последните сили што му останаа во снагата, замавна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)