личи (гл.) - како (прил.)

Беше толку наеднаш, тоа застанување во долгата врвица над него, што тој можеше да го види само следниот миг, кога тие стоеја, наредени една зад друга, свртени со бедрата кон него, полни со оној црвеникав одблесок, а тоа личеше како кога ќе се улови само еден од оние ретки мигови во гранките на трепетликата во летно попладне, кога сите лисја се застојани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А логотетот пребледе и се фати за срцето. И сите, освен Лествичникот, погледнаа в земја. Логотетот не можеше да земе воздух од изненадување; личеше како да ќе го удри кап. Побара чаша вода, за да се соземе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)