крши (гл.) - камен (имн.)

Ланската година, во пролетта, кога Јаузоските раетини кршеа камен за новата кула Јаузоска, Андон Анѓелов Јанчески, вториот Анѓелов син, бил искачен најгоре на спилата и како што измавнувал со чеканот, однатре од спилата бувот му се џитнал право в лице и додека Андон се тркалал прудолу по спилата, тој, бувот, како од праќа фрлен, се изгубил во шумата под Камен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш вас, кои ќе градите куќи, за лошо поставен камен, малку накриво или, пак, недај Боже, ќошот малку да е крив или ако под покривот ќе видат како се шмуга сонце, е тогаш, да знаете - ќе ве прогласат за народни непријатели и ќе кршите камен...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чував народни непријатели кога таму во Отешево едни кршеа камен, а други пиеја ладна бира и пееја: Стани, стани да не станиш О Битоља ќе ојме, Ладна бира да пиеме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И јас во името на народот ги чував народните непријатели добро да кршат камен, добро да го делкаат и со врвот на иглата мерев да видам дали добро налегнува камен врз камен ... дури - како што велеше командантот - воздух да не пропушта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се прошчам, кршам вошки и велам: ако и ние утре за една коза или за едно глупаво и невино хихикање, како овој што се смееше пред малку, ќе го клајме народецот да крши камен, е, тогаш...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со едната рака кршиш камења, велам, а со другата го доиш детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ќе стиснеме чекан в рака и кога ќе влеземе во пештерине, слушаш, престанува нашата младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кршиме камен, лежиме на камен, дишеме камен. Од мугри до мрак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тоа време некој Кандило Кучевишки, инаку познат и во Кукулино како човек што без болка може да крши речни камења со рака, се прогласил по еден сон за светец и со своите синови седуммина или осуммина, почнал да гради црква со своја лика на ѕидовите - тој прв ги подава рацете кон новородениот Исус во сина пештера и тој прв клечи на Исусовиот воскрес.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога им здодеало на синовите да кршат камен и уште повеќе да го слушаат татка си како шепоти со невидливи ангели и апостоли, отишле далеку и се прогласиле за арамии, да ја смируваат крвта со туѓа крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Цели бозје креваа биковите на рогови. И потоа се затрчуваа и се удираа со челата, како да кршат камења. Насобраните луѓе само подзинуваа со устите, подзамижуваа со очите. 41
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)