исуши (гл.) - уста (имн.)

Ми се исуши устава, му велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не толку заради што му се исуши устата од силна возбуда, туку и за да провери дали букарите навистина, легнати така еден до друг и завиткани во влажна `ржаница ја држат студена водата, побара да му дадат вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Завидувајќи им на слободата на мариовските селани. – Да ми ти се исуши устата, машко – го начека дедото Богдан овега и почна да им се фали дека тие имаат старски фермани за таа слобода и никој не може да ги направи нив чифчии.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)