испразни (гл.) - чаша (имн.)

- На здравје, ги искриви Кузман лицето, ја испразни чашата и грубо ја избирша устата со ракав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ги испразнија чашите и малку подоцна Џулија стана да си оди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се изми, ја исчешла густата, млада коса и без здив ја изпразни чашата со млеко.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не рече ништо. Ја испразни чашата, и тогаш од едниот крај на устата му се лизна светкава нишка и препазливо се спушти преку цврстата брада.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ја испразни чашата и не го спречи грчот на лицето.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)