искаже (гл.) - за (предл.)

Вратениот дипломат, доколку имал успешна мисија, станува незаменлив експерт за земјата кај што служел, регионот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
— Аха! Виа побратими пак заглибиа! — почна да се чуди и тревожи Толе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Турскиот амбасадор во Тунис, Муарем Тунчер, иако навлезен длабоко во деветтата деценија од животот, денес патувачки амбасадор, ми раскажуваше, на времето во Тунис дека постоел обичај наследен уште од Отоманската империја, министерот за надворешни работи да ги повикува еднаш месечно сите поранешни амбасадори на ручек, за да се искажат за надворешната политика на земјата, од позицијата и искуството во земјата во која служеле амбасадорите, а кое сѐ уште можело да биде делотворно за интересите на земјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Наши луѓе се сете тиа. Ако а грешиле сега, белки ќе а погодат утре, шо е тоа лав непомагање — се искажа за сите Ќосото како најблизок „четник“ на Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)