излезе (гл.) - жив (прид.)

Од куферчето како да излезе живиот дух на книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но тој нели излезе жив и здрав од тој пекол, се провлече низ чистилиштето, или подобро речено го извлече оттаму Хрушчов, кој ја сврти страницата на сталинизмот во СССР.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Авторот ќе се соочи со морничав притисок и зака­ни: дури и дали ќе излезе жив од родната земја!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По сѐ изгледаше дека од нашата куќа сите излегоа живи и здрави, бидејќи таа не падна уште на првиот потрес.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Слепиот Тимон ја впери раката кон офицерот и му свика: ”Многу крв видела оваа земја, капетане, но и многу коски на оние што не излегле живи од неа...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Потоа, војниците ја запалиле куќата. За да не излезат живи, пукале во нив, штом ќе се подаделе на прозорците.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Нема таков човек, што излегол жив оттаму, а да не станал нивни. Само мртвите се чисти.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Што не знаеш: не си го прашал или не знаеш како излегол жив?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Не сум го прашал ни знам како излегол жив. - Требало да го прашаш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Заправо, можел да излезе жив.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако го изведев налудничавиот обид што вие го спомнавте, можеби никогаш не ќе излезев жив откај министерот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)