излезе (гл.) - со (предл.)

Излеговме со Сталинка и другите кози крај реката небаре сакајќи да ја провериме најновата историја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Излегов пред излегување, излегов со жолта кошула, излегов со рака в џеб и со рака чекороследна во пред- предвечерината на денот недоквачен, на денот на кој му смрдеше од уста, на денот самоубиец.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
А Ване излезе со теглата в раце, барајќи го првиот камен на кој место да се сопне ќе ја скрши на парчиња, не само невидливи туку и такви што не сакаше да ги види.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
(Таа, на пр., еднаш влезе во самопослуга, зема извесен број работи, се обиде да излезе со нив без да плати, беше запрена, и кога ѝ беше наброено сѐ што украла, ја врати секоја наброена работа, излезе, помина од другата страна на улицата, седна на тротоарот и изеде полна тегла путер од кикирики што помина покрај помошникот во самопослугата).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога нејзиниот пријател, кој беше учител на едно големо јапонско семејство, одржуваше предавање во Санта Марија во Калифорнија, таа беше во позадината на публиката, стоејќи на столот, со високи потпетици, крзнена бунда и црвен трендафил во косата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еден млад човек кој водеше сметка за својата позиција во општеството и кој се подготвуваше за женидба, ја натера својата идна жена да вети дека нема повеќе да се занимава со клептоманија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Го облекол кожувот, ја зел секирата под кожув, го пикнал пиштолот в пазува, ги префрлил дисаѓите преку рамо, божем се токми за на пазар во Прилеп, и излегле со ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Упорно ме одбиваше да излеземе; велеше дека не излегува со машки, дека не ја интересираат, дека има многу обврски во секциите на училиштето, дека сака да направи нешто од себе, дека има за учење.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Коница, во Епир, ја нападнавме на Бадник 1947 и завршивме со многу жртви; а во Македонија Воден, Соботско и Негуш исто така кон крајот на декември 1948 и излеговме со уште поголем број жртви, а Лерин во февруари 1949 и доживеавме невиден пораз?...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Среде празнината од лоштото време е сочувана само цквата Света Богородица, која од граѓанската излезе со разурнат покрив, урната камбанарија и уништен олтар.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Треба да се верува дури и во невозможно, да се нема ни очи ни мисла за ништо и од сета оваа луња да се излезе со глава на рамениците.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И сите си знаат, па се подготвени, освен мене: шнајдерот излезе со „Калашников“, го исправи и испрати три-четири рафали во небото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во мигот кога една рипка, борејќи се за воздух, излезе со главата над водата, ѕуницата се претвори во кружница.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Каква ќе биде таа прошетка ако само треба да те погледнам па да ми биде јасно дека со тебе ќе ми накисне душата, СОЛИЛОКВИУМИ водата ќе ми се лее низ вратот, кафеаните смрдат на влага, и скоро сигурно ќе е го забележувам нивниот притисок, непрекинатото уценување на секој чекор, како да ти завидуваат, сакаа однапред да те омаловажат за да ја загубам желбата да го дочекам твоето доаѓање, да излезам со тебе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Колку да им беше непријатно и на нашите учители и на нашите воспитувачи, колку да беа смели луѓе, во духот на времето, прекалени, храбри луѓе, самопрегорни, не можеа толку лесно и на крај да излезат со вошките.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тие и на училните стебла гледаат со сомневање.“ Старчето отплетка со прст некаква невидлива пајажина од пред себе и болничарите излегоа со пламена навреденост околу усните.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Само малку пред тоа... „Оставете нѐ сами“, му рече добродушното старче на Ивана и го извлече прстот од намотаниот свилен прстен на брадичето а тој, до грло во бело, ги извади рацете од џебовите на својот тесен мантил и излезе со наведната глава и нечујни чекори.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тогаш момчето, ставајќи ги двете раце покрај устата, како пред микрофон, силно извика за да го слушнат и другите: Ајде, стари паразити, излезете со нас на доброволна работа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Горан знаеше по седум пати да им се јавува на девојки кои не сакаат ни под разно да излезат со него, да ги застанува колегите во факултетските ходници и да ги гњави со тоа како за малку ќе го положел испититот ама ете немал среќа, и згора на сето тоа, професорот го мразел и да се фали со тоа дека оди на журки кои се посетувани од битни велеградски фаци.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во тоа време, посебно во првите години по соборувањето од власт на претседателот, човек можеше и да изеде ќотек на улица од хулиганите од подмладокот на гардата ако е излезен со малку подолга коса, ама, веројатно, младите гардисти беа премногу зафатени со пиење на лоша ракија, а Стојан не беше будала дотаму да форсира силеџиство, кое, на некој начин не водеше никаде.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Чорбаџивката Милошка, нунка ѝ на Нешка, дури се најде навредена оти крштеничка ѝ Доста не ѝ кажа што мисли да прави, та заедно да излезеа со модата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така сега Крле прескочи уште првата година во II одделение и со својата бистрина и надареност просто го зачудуваше како даскалот така и сите ученици, а најмногу од сите се чудеше и со особено задоволство се насладуваше Нешка, која сега немаше потреба на часот скришум да го погледнува, ами на секој одмор сѐ го дочекуваше заедно да излезе со него и брата ѝ Стојана и тројцата да си ги повторат задачите или да си играат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот Петко му рече на сина му да ги бележи обете ракии и излегоа со попот нагоре кон Чкуловиот ан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чакарвелика беше излезена со плетало во дворот од анот да ги попечи коските на жешкото летно сонце.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ќе ја истргаме постелата од под жените и ќе им викнеме да излезат со кренати раце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никој од нас не сакаше на ваков ден надвор да излезе со женска шамија преку глава. Та нели машки бевме!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Излегоа со сандакот во дворот, одвај пробуткувајќи се низ насобраниот народ, а потоа појдоа низ главниот сокак.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Следната вечер под дифолт продолжи расправата и се делкавме околу мојата дилема дали да излезам со него или не.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)