изврши (гл.) - масакр (имн.)

Режимот виде не виде, на крајот изврши масакр на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И додека со право му се оддавало признание на валијата Фахми-паша и на заповедниците на турската војска што не дозволиле да се извршат масакри од големи размери, слични на ерменските, дотогаш неспособноста на полицијата да ги открие атентаторите и навреме да ги спречи атентатите предизвикала вчудовиденост и кај многумина огорчување.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)