зборува (гл.) - старец (имн.)

Ако за моите песни ми зборува старец – рабин, мудар од крвта, староста и пророците, јас го слушам.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Лошо претсказание, зборуваа старците. - Што ли токми Севишниот штом на ѓаволот душата си ја продадовме, на Исуса Христа заборавивме, говореа други.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дождот е благодет. Нека наврне, нека... - зборуваше старецот и изгледаше како веќе да не зборува за луѓето, туку за себе, а и како да беше начисто дека тоа што го зборува не допира до нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
– На ист начин, со бакарен отсјај, свети човековото око кога ќе вкуси дел од посакуваните благодати на нектарот на среќата – зборуваше старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Дали е тоа тајната на животот, што потпомагаше во создавањето на новиот жив свет? – зборуваше старецот. – Погледни ја далечната планина! – Продолжуваше старецот. – Понекаде е покриена со снег.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сите клетки, па ни мозочните, не добиваат замена – зборуваше старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Постојат мали и големи змии. Змиите се претставници на злото – зборуваше старецот. – Малите бегаат од твоите очи, криејќи се во тревите околу нозете.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ова езеро пред тебе е пространо. Тоа е полно со нова изворска вода, има многу извори – зборуваше старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Со медитација тие се смируваат, а човекот искуствено го доживува самиот океан – длабоката вистина, апсолутната вредност, првиот извор на мислите – зборуваше старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Како врзивно ткиво, со невидливи конци, се испреплетуваат едни со други – зборуваше старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога телото се движи или мирува, околу него како невидлива светлина го грее обвивката на неговата духовност – продолжи да зборува старецот. – Таму се наоѓаат сите негови доблести и негативности кои ја наградуваат неговата телесност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Еразмо за тоа време ја вртеше својата дланка наспроти сончевиот сјај и го здогледа виножитото за кое му зборуваше старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ограден од наводни достигнувања, им робува на стекнатите, дотогашни, успеси, позиции, функции, претворајќи се во многу принципиелен човек, одговорен човек – зборуваше старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Откога ќе се ожени и оплоди, покрај принципи, концепти и авторитети, доаѓа многу цврстата рамка, родителството, врзувајќи го за своето чедо, го оградува јаремот – родител, речиси до крајот на животот – зборуваше старецот. – Таквиот човек, окован во стеги, не е свој.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа само така нема да се најде во твоите очи – зборуваше старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)