зборува (гл.) - глуп (имн.)

- Не зборувај глупости, да не те легнам. - Оф, како би сакал да ме легнеш, место празнина, да ме легне една убава, сакана, топла полнота!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ама можам со татко ми. Бидејќи му се тие родители се плашам дека и тој кога ќе остари може да почне да заборава како нив, да зборува глупости, и детски да се однесува, па го убедувам да почне да зема совреме некои таблети против сенилност. Но, тој ни да чуе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Леле, кога ќе помислам дека еден ден двајцата со мајка ми ќе остарат, многу се вознемирувам и се плашам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не зборувај глупости, - ѝ свика татко ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)