зборува (гл.) - нешто (зам.)

Луѓето ми зборуваат нешто, сакаат на друго да ми го тргнат умот, ама јас сум оглувела, никого не слушам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оние двете таму без сомнение зборуваа нешто за него. Што ќе се случи сега? Можеби сѐ е веќе готово!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа ми зборувала нешто дури трчала по мене, ама јас ни гледам ни слушам... запалиле оган и почнале да фрлаат куршуми.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе влезат во некој кошмар и ќе си зборуваат нешто од недоветра, што се вели, што им останало врзано за душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Море, море како гореше детето златно, целото запалено, и само да зборува нешто од недоветра.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Меѓу овие две зданија никогаш се немаше пробиено ниту зрак сонце, ниту зрак месечина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А ваму вошки - прст и плева. Ќе застане човек спроти тебе, ќе зборува нешто за нешто, и само ќе кине меса со ноктите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)