зборува (гл.) - некој (зам.)

Меѓутоа, Мисирков не е против Организацијата: тој беше само категорички против продолжувањето на неподготвеното и ненавремено народно востание, како и против планирањето ново востание за идната пролет, за коешто пишуваше печатот и за кое зборуваа некои наши револуционери. 47.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Слушав како зборуваат некои од постарите, дека други згради во градот паднале веднаш.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Бугарските војници излегуваа од училиштето, до гробиштата, и поставуваа стражари околу селото. „Сутрин ште трсим шумкарите“ , зборуваа некои од војниците и погледнуваа кон планината.„Ќе им се фатите за кундакот“ , шепотеше Дуко Вендија, крстејќи се со левата рака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)