запраша (гл.) - повторно (прил.)

- Но, што стана со вас, со вашата работа во Институтот во Санкт Петерсбург?- запраша повторно Цветан Горски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Секој јазик по дефиниција е и мајчин јазик? запраша повторно зачудено Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој, гледано отстрана, како да беше напуштен? - запрашав повторно во алузивен тон.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Дали Арафат ќе успееше да го осмисли враќањето во слободна Палестина доколку го добиеше моралниот консензус на сите Палестинци?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа значи дека нема, и не може да има, тотално чист јазик!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)