држи (гл.) - чаша (имн.)

Сите раце држат чаши, сите очи ја пијат пејачката...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Полудени ли се сите? - се сврте кон Патрокле, кој уште ја држеше чашата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Последен пат го видов на свадбата на Јане Скендеров кога на мајка ми ѝ објаснуваше дека само јас од цела фамилја знам правилно да ја држам чашата за вино, исто како и тој.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Леле, ќе ме фати! - ја држеше чашата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Полковникот Жино ја држеше чашата в рака и ја жулкаше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)