даде (гл.) - ритам (имн.)

Покрај многуте нешта во романот што даваат ритам на свадбата - стожерната тема во приказната, впечаток ми остави поглавјето во кое осакатениот и во телото и во душата, Мухарем, по загубата на црвениот петел, им се придружува на Среќко и на Исмет, луѓето задолжени за погребување.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Музиката му го развесели и чекорот – звуците чудесно му дадоа ритам на неговото чекорење и на неговото постоење во тој миг, и тој знаеше дека ништо не може вака да го разбуди освен волшебноста на музиката. Или речиси ништо...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)