врати (гл.) - за (предл.)

Подоцна кога дојдов во Маказар, кога се вратив за стално, веќе тропаа кофите и местото кај бунарот беше станало едно место за собирање навечер.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но не се вратив за тоа. Неделко Шијак е болен. Не се фаќа за нас благословот на игуменијата. Навистина не сме му мили на господа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ПАНДЕ: А, може и за нешто друго да враќаат!... Со очи видов луѓе вратени за овие работи.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Барутот и сѐ она друго е кај тебе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да, Цезар, ова ти е прилика да ми вратиш за она што сум сторил за тебе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)