бие (гл.) - камбана (имн.)

Во Лерин бијат камбаните, а владиката, завршувајќи ја панихидата, рече: „Блажени се оние кои ги исполнуваат заповедите Негови, за да имаат право на живот и да влезат во градот низ портите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Почнаа некако зловешто да бијат камбаните.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бие камбана. Светците бдеат, Херувимите богоумилно пеат, Врз храмот ангели слетуваат.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Биеја камбаните од сите градски цркви. Се редеа поповите и певците и хористите од црковниот хор.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
ПАНДЕ: Кога влегуваше в град биеше камбаната...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Што повеќе времето одминуваше, стравот сѐ повеќе растеше, плачеа децата, рикаше добитокот, биеше камбаната.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ете бие камбаната, излегуваат од црква. Нека дојдат, малце си починав.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Вака според мене изгледа рајот Јас сум голем мечтател и сонувач Будно сетам се ближиме кон крајот – но не мисли – остани додворувач Пред вечноста наша да стане пекол не стивнувај, беснеј, дивеј по веков Мојот Хемингвеј одлучно би рекол Бијте камбани в громогласен екот!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Ретко бие камбаната. Верниците се растурија по светот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Бие камбаната, се виорат грчки знамиња, воен оркестар свири патриотски маршеви, а најмногу маршот: Μακεδονια ξακουστη Του Αξανδρου χωρα Εδιοξες τον Βουλγαρο Και εισε ελευθερη τωρα 14
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со рацете улаво се чипчеше за железото.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во срцето ѝ биеја камбани.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)