биде (гл.) - за (предл.)

Пливаш во парите, ја уживаш моќта но образот ти е избербатен беднику неподнослива реа се шири ко кочина од тебе лажлив контаминиран скоту Затни ја таа слаткоречива муцка биди за момент доблесен и признај колку ли гревови носиш со себе додека пред сите изигруваш светец
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Јас сакам ако донесам да биде за сите нешто добро.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Јас погоре реков оти поголемиот дел од членовите на комитетите ќе бидат за борба со новото течење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие си мислеа, доста е едно изјавување оти Македонија ќе биде за Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Рамноправноста ќе биде за сите народи, па и за Турците, Грците и др. и др.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оваа тема сакам отсега, па натаму да биде за сите затворена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дојдов да се уверам дали навистина петловото доброутро ќе биде за тебе збогум.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
БАБА АНЧА: Е де. А пак јас ја имав намирисано работата и си реков со умов „ако не можеш за ваму, нека биде за таму“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Зоки беше зачуден. Од кога тој престана да биде за Лидија Зоки Поки?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сметам оти она, кога татко ти место да ја сослуша Родна замина да ги лади лубениците, требаше да биде за мене првиот сигнал дека овде работите не се докрај чисти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но и да го знаев тогаш тоа што подоцна се дозна зар ќе бев поумна или поправедна?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)