биде (гл.) - камен (имн.)

Ќе се исцедам низ девет кожи, Низ мојата кожа Испишана со девет судбини Во девет дена низ кои водата ја цедев од жарот На мојата последна венчавка со лебот Седнат на трпеза Сам Во самица Пред судниот час. 1.4 Така мислам и домислувам: Ќе мавтаат со шамивчиња претците Ќе мавтаат со шамивчиња потомците И оддеднаш сите ќе бидеме камења Што ќе течат и ќе јачат, Камења топли и камења студени, Камења тешки и камења сиви, Камења што молчат И камења што зборуваат.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)