бев (гл.) - побрза (гл.)

Јага Перуника беше побрза кога Марко се наведна по револверот; таа го зграпчи оружјето и го пикна в пазуви: не ќе стрека нејзиниот проклетник, не ќе му дозволи дури и ако се заколне дека ќе се ожени со неа, веднаш, во самата крчма на еден покоен Миломир.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Виновен сум зашто устата ми беше побрза од умот и што на очите имав превез, за правилно да ја согледам вистината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тогаш Сами со англискиот јазик кој го совлада самиот и го зајакна при својот прв престој во Лондон, ќе му напише писмо на амбасадорот Али Фетхи Окјар во Лондон Историјата беше побрза од нејзините илузии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Славица, свесна за избрзаната реакција, си ја поткасна устата; самата се прекори - устата ѝ беше побрза од мозокот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Смртта беше побрза. И отиде.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но судбината беше побрза од мајкиниот инстинкт за спасување на чедата...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Устата секогаш ѝ беше побрза од мозокот. Но затоа зборот „извини“ секогаш ѝ беше на врвот од јазикот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)