ангажира (гл.) - за (предл.)

Во обид да се заобиколат строгите австриски прописи, седум имигранти беа ангажирани за производство на социјалната пластика, како резултат на што тие добија законски престој во Австрија.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како што нагласува и таа самата „не постои орган кадешто не го пријавила тужениот“, а доколку на нејзино место беше некој работник што не го познава правото и законите, тој немилосрдно ќе беше изигран и правдата немаше да биде спроведена.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Така, тие можат да бидат работно ангажирани за извршување на јавни работи до пет дена во месецот, како и за извршување на сезонски работи и други повремени работи од страна на градоначалникот на единицата на локалната самоуправа, јавните претпријатија и јавните установи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Инаку, претходно, тој дури 18 години беше ангажиран за извршување разни функции во Радиото – но, само преку договор за дело, без ниту ден платен стаж.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работникот Александар Кукулев од Велес (сега 39-годишен) беше вработен во Јавното радио-дифузно претпријатие „Радио Велес“ со договор за работа на неопределено време од 2002 година – скоро четири години пред да настане конкретниот работен спор со неговиот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се правдаа, тврдеа дека ме сметаат за исправен, дека знаат оти сум бил ангажиран за помош за прославата на јубилејот на браната, но дека ова била нивна должност и така натаму, како што зборува обично секоја полиција во такви прилики.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во 1993 година, групата интервенираше во областа на политиката во однос на трудовите имигранти, со цел создавање работни места за одреден број на имигранти во Грац, кои не можеа да се вратат во своите земји на раѓање поради политички, етнички или верски прогон, но немаа никаков правен статус во Австрија.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Затоа е клучно работниците, преку т.н. синдикално образование, да се едуцираат за позитивните прописи кои се однесуваат на работничките права и несебично да се ангажираат за ширење на оваа благородна идеја.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)