петстотини (бр.) - илјада (имн.)

А султанот пак, што да речеме за него? Султанот од цела Румелија добива за своите трошоци редовен приход од даноците околу милион и петстотини илјади дукати!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јас, Атила, собрав над петстотини илјади војска, кој од кого посуров и побезмилосен, испозаклав стада и стада животни на кои им беше одрана кожата за илјадниците тапани и со години и години цела Азија ткаеше платно за знамињата, потреперуваа под моите нозе Алпите...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Не сум изгубил ниедна војна, не сум изгаснал ниеден оган, не сум простил ниеден грев, сеедно што за семе на моите гревови ме сметаат мене.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)