дваесетина (бр.) - километар (имн.)

Имаше пред себе дваесетина километри зимен пат до своето село, а сега тргнуваше да го оди, сам.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, овде морето одвај може да се види, освен водите на Алсмер, на дваесетина километри понасевер од Амстердам.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Околу дваесетина километри од Струга, на средината од друмот, во Дебарце, се наоѓаше малото исчадено селско анче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Овој град, Струга, толку беше блиску просторно, не повеќе од дваесетина километри од родниот град Поградец, а толку далечен по неизвесностите што ги носеше по новиот живот на семејството.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Свртевме во морското летувалиште Переа, кое е оддалечено од Солун дваесетина километри.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)