два (бр.) - камен (имн.)

Ѓорѓи клекна, го погали местото, од Киревица зеде две свеќи, ги запали, ги стави меѓy двата камења и тивко прошепоти: - Светлина од мене и од синот. Жив е тој...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- На горниот крај од огништето, меѓу два камења, вареше грнче со грав.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во тоа време околу камењето се врткаше мариовец и ги разгледуваше двата камења, еден горни, еден долни и потскришум ги гледаше двајцата како си даваа ишарет; но не му дадоа никакво значение.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред куќата беа двајца, два камена, стиснати еден до друг и непроѕирни како ноќна сенка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Штицата беше од обете страни потпрена на два камена и кога поминуваа преку неа, таа се виткаше и се нишаше толку, што се чинеше дека ќе се скрши под тежината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
На портата од Алимасковци се слушнаа три одмерени удари... а преку дворот женски налани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој извади од џеб два камена изврзани со коноп и со шарена минерска врвка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)