и (сврз.) - стрела (имн.)

Засрамен ловец биди, што здивот нејзин го сети, низ лакот што трепери и стрелата што чека.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ја завлече раката по кошула, од левата страна, вртејќи со очите како во нем филм, оттаму извлече лак и стрела и ми намигна.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
И така нашиот зејгора пак сам и без братска помош на поранешните свои познајници, со стремеж зацапал по мочуриштата, да фаќа со примки и стрели чапји, жерави, шлуки и галепчиња, и в поле или в планина -дропки, пчеларки, пупунци, сојки, ветрушки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И оној тогаш водел ајдамаци со калпаци од мечкина кожа, ги качувал и ги спуштал по ќорави беспатици и ги избегнувал населбите, ги избегнувал и местата на кои кесарови копја и стрели господареле над животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така аскетскиот арсенал на тие парадокси, забележан во старите елејски учења и одредени во схоластичките примери за Ахил и желката и Лакот и стрелата, денес можеме да го збогатиме и со новиот технолошки пример...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Според легендата ангелот Габриел подавајќи му ги на Адам лакот и стрелата му рекол: Послужи се кога ќе треба со ова оружје, во него има божја сила!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)