дека (сврз.) - излезе (гл.)

Ќе речат дека излегле да се видат со селаните.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Знајш, што кажуваше поп Петре пред некој месец, дека излегол некој Мариовец и ги брка турските качаци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мислиш дека излегол човекот по потребата, на свеж воздух, на цигара...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Секој кој ќе го види, или кој чул дека заминал натаму, накај Коритница, ќе си помисли дека заминал натаму, накај Коритница, ќе си помисли дека излегол на прошетка за да си даде одушка по сите овие возбуди, или, пак, дека отишол да запали свеќа на Латинска црква во слава на оздравувањето Лазорово...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сонцето се крева, блеска и Богдан гледа дека тоа излегува на неговото вистинско место, зашто досега секаде каде што шеташе по светот, гледаше дека излегува сè на погрешно место.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Биди благодарен дека излегоа од тој ѓаволски оган здрави и живи".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И тогаш, кога веќе почна на моменти од болка да ја губи свеста за себе, сфати дека излегол од шумата и дека светлината што ја гледа на некои стотина метри пред себе не е ѕвезда, туку прозорец на осамена колиба.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ракописот беше спокоен, како со него да беше испишана едноставна порака, известување дека излегла од дома, и наскоро ќе се врати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Актерот после завршувањето на претставата: „Мислам дека излезе предвреме.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тоа беше како привидение, си помислив дека излегол директно од снимањето на некој скап спот што се снима за MTV музичката телевизија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК