да (сврз.) - гради (гл.)

А културниот човек, за да има право да се наречува таков, треба да гради, а не да руши.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ја жалеше Змејко и секогаш се чувствуваше стаписан од некое необразложливо чувство на вина пред таа загубена верба во своите раце кај тој старец, во нивната умешност да создаваат, да градат, додека нејзиниот недостиг стоеше во секој негов збор, во секој поглед на оние очички, што не гледаа ниеднаш право в лице.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да градат патишта а и пруга од Елбасан за Солун...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во тоа време некој Кандило Кучевишки, инаку познат и во Кукулино како човек што без болка може да крши речни камења со рака, се прогласил по еден сон за светец и со своите синови седуммина или осуммина, почнал да гради црква со своја лика на ѕидовите - тој прв ги подава рацете кон новородениот Исус во сина пештера и тој прв клечи на Исусовиот воскрес.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Всушност, кога играте шах, тоа е како да правите план за нешто или како да градите некој тип на механизам со помош на кој добивате или губите.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Општеството мора повторно да го пронајде патот кон самото себе и да ѝ погледне в очи на сопствената вистина за да може во минатото да го остави она што таму и припаѓа и да гради иднина што ќе биде ослободена од заборав и лаги.”
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Како на стар проектор се редат сцените: првиот плач во болницата, непроспаните ноќи, пелените, кашичките и чајчињата, медицинските енциклопедии, остави ја цуцлата, треба поголеми патичиња, не во уста!, „две рачички со десет прста“, Ноди-тракторот Том-Мики Маус, како прави магарето?, кликни на црвеното кругче, дувни во свеќите, ајде да градиме куќи, дојди да те гушнам, одиме во парк?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Во наш интерес е да останеме сите тука заедно и да наоѓаме начин да се справуваме со економските проблеми и да градиме заедничка иднина....“ говореше младиот каризматичен учител, свежо вратен во Битола по завршувањето на студиите во учителската школа во Скопје.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)