огромен (прид.) - количество (имн.)

Пред летувањето, отромавени, се влечкавме како на нозете да имавме чизми; кога ќе се расипеше лифтот, се качувавме по скалите со мака, тешко дишејќи; зјапавме во отворениот телевизор, голтајќи огромни количества кекс, потоа исцрпени, заспивавме со свртени грбови, веднаш...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во нашата лабораторија моментално дреме еден малецок Хулк, сѐ уште во шишенце, го вкрстуваме со чудесновишниот мочуришен октопод- капиталец што испушта (ко одбрана) огромни количества на отровно мастило.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Современиот човек е опкружен со огромно количество на рамни линии, кои се претвораат во „хаос“, во „џунгла“ од рамни линии.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„О, да, огромен проблем! Дрогите предизвикуваат огромни количества проблеми.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во Лондон постоеше огромно количество криминал, цела една држава-во-држава од крадци, бандити, проститутки, растурачи на дрога и рекетари од секаков вид; но бидејќи сето тоа се случуваше меѓу самите пролови, не беше важно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знакот на трубата направи огромно количество врева.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Сето тоа започнало во јуни 1988 година, кога откај грчката страна почнале да изпуштаат огромни количества вода, потребни за наводнување на полињата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мало дрво не може да роди огромни количества затоа што нема моќ да ги донесе плодовите на своите гранки: веднаш ќе се скрши.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Исткаен (главно) од сеќавањата и од копнежот, од имагинарното и од неискажливото (од тишина, огромни количества кондензирана и знаковита тишина!), фамозниот љубовен dis-cursus како целосно да се идентификува со решавањето на квадратурата на кругот: најтаинствените работи мора да ги дефинира со изабени/истрошени зборовни формули.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Уметникот, кога ја креира својата творба, внесува огромно количество љубов што може да го прими и сензитивизира целиот свет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)