загрижен (прид.) - поглед (имн.)

- Сам, велиш? - промрморе, упатувајќи загрижен поглед кон момчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој ја крена главата од отворените книги и, со вечно благиот израз, го прифати загрижениот поглед на мајка ми. – Прости – започна веднаш мајка ми – што те вознемирувам во оваа доба. Морав.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го крена кон нив загрижениот поглед.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Со брзи чекори, следен од загрижениот поглед на жена си, појде долж реката чии бистри води не ги гледаше, но се чинеше дека тие сега, макар во спротитек, го следат загрижено.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тоа не беше непријателски поглед, но очевидно беше загрижен поглед.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Те испратив со загрижен поглед гледајќи како автомобилот изчезнува од мојот видик.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Перонските работници на брзина ги симнуваа сандаците со книги, следени од загрижениот поглед на Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК