загрижен (прид.) - глас (имн.)

Ме затвораа во кафези, ме јадеа ѕверови, бегав од вештерки и кога се разбудив ја сетив топлата нежна рака на татко ми врз моето лице и неговиот загрижен глас што ме викаше по име.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Синот, со загрижен глас, продолжи: - Постојат, Мајко, медицински кажано, кај Татко, херидитарногенетски предиспозиции за дијабет.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Посакуваш да им се препуштиш на фантазиите или бркаш друга цел? – ме праша божем загрижениот глас на Стариот писател.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК