жив (прид.) - песок (имн.)

Првин до глуждови заглибувам, па до колена, а потоа пропаѓам, како во жив песок.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не познавајќи ја природата на мртвиците, не знаејќи дека, поради живиот песок, низ нив може да се движи само извежбан ајдутин, кој си изградил своја патека, продолжија да ги гонат и понатаму.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И додека му се случуваше тоа, пропаѓањето во живиот песок, и тоа, изгубеното око во боевите, му плачеше, од под црната преврска прудолу по лицето се тркалаа крупни солзи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нозете ми натежнале, небаре во тиња, во жив песок да газам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа можеше да се види и од подалеку: ќе зачекори - ќе застане, пак чекор - пак вкочанетост, сѐ така, со бавност на човек што со рамните стапалки испитува не ли е пред него жив песок или гнездо на поскок со рокче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
10. За да ја прегазиш баричката ти го послав палтото врз жив песок.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Предаден е живописно Летот таа нес(о)вршена именка таа нимфоманка тлоцртот на гризодушјето живиот песок на егзилот - штрковата земја, навидум пуста стравот да се користи истиот јазик да се проколне, зборот да оживее.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мислев дека тоа го зборуваш само за да ги исполниш празнините во тие бесмислени мигови во кои тоневме како во жива песок.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК