друг (прид.) - поубав (прид.)

И затоа ги пушташе широко уздите на својата богата фантазија и лееше такви приказни за невидени и нечуени работи, што ти се чинеше, додека го слушаш, дека се наоѓаш во некој друг поубав свет во којшто не беа тешки ни маките, па ни самата смрт.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Белким има и некоја друга поубава, побела, полична!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Леташе без умор, без крај. Лудо. Те мамат невидени, волшебни предели, еден од друг поубави, посветли.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Што е најважно, знам дека тајните што јас ги открив одамна на светот ќе му беа познати и тој веќе ќе чекореше по други поубави патишта ако не беа лошите луѓе кои тоа го оневозможуваат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК