низ (предл.) - песок (имн.)

Ко лице и песната бестрасна беше, но река в кристално корито, чинам, што тече низ песок, гонејќи ја полека-лека жедта на тие што минат.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тукушто поминаа дождовите и сонцето почна да ја грее земјата, да ја вари како во казан, стаса поморија по рибите: осамна езерото со илјадници збрлавени риби што водата ги изфрлуваше на брегот; скокаа рибите низ песокта, прпелкаа се превиткуваа, замавнуваа со опашката, ја тресеа главата, ја закопуваа во песокта за да ја столчат, да прекинат со овие грчеви; умираа со подзинати усти, со испуплени очи; од мевот им се цедеше недоисфрлената икра.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Постојано шеташе крај езерото, клекнуваше овде-онде, рошкаше низ песокта, низ гнилежот исфрлен од езерото и собираше секакви форми од дрвцата што ќе ги најдеше на брегот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ги влечкаше нозете низ песокот, кон зградата каде што беше сместена канцеларијата на дежурниот, чувствувајќи како сонцето пробива низ облогата на шлемот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се извлечкаа повторно надвор на сонце, низ песокот, па околу до задната врата на мензата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ја бодреше. Ѝ правеше со ноктот пат низ песокта.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се гледа и со голо око дека големиот бран никогаш не спие а понекогаш милува некого да го протресе низ песокта на времето и јасно да стави до знаење дека е свршено со големите занеси и дека е редно некој да почне да потонува и во мислите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Другите будалштини дека животот е краток и верна копија на сонот ги препознавам во нејзиниот силен глас но отпосле, години потоа низ песокот на истеченото време и за да ја стиши мојата возбуда, пресметано и смерно, ептен нежно ќе рече: не би го гребнала ни со мисла твоето достоинство, сигурно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК