на (предл.) - песок (имн.)

– Е, сега нека мрдаат како риби на песок – му се испушти на Аџијата од гради една длабока воздишка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Потоа скокна, си ја грабна кошулата, небрежно фрлена на песочето крај езерото, и се скри во непроодниот густеж на лагот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Низ него го гледаше обзорувањето и зајдувањето на денот - тоа вечно намотување бело клопче на црно, црно на бело, како што му велеше баба му; го гледаше езерото кога беше мирно и кога се преливаше во севозможни бои како бесценет камен, го гледаше кога рикаше и бучеше како ѕверки да му се бијат во утробата, го гледаше виножитото што со едниот крај се спушташе во него заслепувајќи ги очите со прекрасни бои; го сгедаше езерото кога надојдуваше и од брегот поземаше сѐ што останало на песокта:
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Пасторалата ја дополнуваат усамените минувачи во прегратката на песокот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Одат војниците, а по нив браздичиња вода им паѓа на песокта, на грагорот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Војниците што излегуваат од реката потскокнуваат на песокта, а сонцето им ги брише капките, им ја зацрвенува кожата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сигурно ги скокотка водата и грагорат штом толку скокаат војниците на песокта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А сега? И натаму во топлината на песокот ја чувствувам сопствената порозност, додека над мене, низ небото со боја на ’рѓа зачкрипува надразнетиот крик на галебот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Така заминавме за Калифорнија и ден и половина одевме горе-долу по Пацифичкиот брег, и на крајот се сместивме на песокот на Малибу каде вечерта готвевме колбаси.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Едно летно попладне Џорџ и Алиса Смит излегоа од возот што пристигна во Бијариц. За само еден час претрчаа преку хотелот до плажата, влегувајќи во океанот, па излегоа да се печат на песокот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Пожарниот ја фрли цигарата надвор на песокот и рече, „Види кој ни доаѓа.“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Една ситна жена, со коса со боја на песок, која работеше во соседната полукабина до Винстон, седеше меѓу нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И додека моите пријатели - уметници фаќаа пусија околу манастирот, по ливадите и карпите, на песокта крај езерото, јас останав во манастирскиот двор за да ја сретнам повторно манастирската обителка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Прва фотографија.  Жолта пеперутка на светло тло, боја на песок.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кога си заминуваше светлината Денот квичеше како слепо кутре И го фрлија в река Ако ја надвие водата и залае на песокта Ќе му стане водич на слепецон што чека на брегов
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во лудава ноќ песот излезе на песокта Слепецот заскитан во својот неповторлив свет Мирно ја прелистуваше книгата на темнината.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
„Да! Овде! На брегов! Онолкупати колку што талазите ѕвезди на песокта ќе свртат Колку што мудроста на рибарот ќе ослободи зборови од тремата на смртта".
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК