за (предл.) - потсмев (имн.)

Се остави да го фатат и да го доведат овде за потсмев и забава.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Побргу тие беа за жалење отколку за потсмев.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не, бре, не се оставам улогава за потсмев и претерување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зар не гледате оти ништо сте, заборавени, за потсмев оставени?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А неговото настојување испитувањата и информативните разговори на осомничените да ги третира и да ги ословува како визити, повеќе упатуваше на пристап карактеристичен за потсмевот или мајтапењето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Стравуваше, еден ден, тој да не споулави од толку читање и заборавање на вистинскиот живот, да не му се случи како на едно друго дете од соседството кое, заминато во младоста во туѓина, во Романија и во Австрија, се врати со многу книги, а заврши зборувајќи си, со денови, самиот со себе чекорејќи брзо крај Езерото и служејќи им за потсмев на суријата деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК