во (предл.) - песок (имн.)

Зашто не знаат за стапалките во песокот и за трите стебла врз кои ноќе спијат ѕвездите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тие чевли ќе оставаат длабоки траги во песокот крај зелената река.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Ме спаси од смрт во песоците на Сахара. - Кој? - Смарагда! - Како бргу умееш да измислуваш, - тажно се насмевна Ана.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега во песокот беа нацртани брод, риба со чаша во устата, една канта со нозе, и една мошне жедна уста.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Овардз, - ми рече пустинското дете и седна во песокот.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Кога ги отворив очите, се укочив: недалеку од мене во песокот лежеше голем сад со вода а од него пиеја секакви животни - лисица, петел, мечка, слон.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
А езерото исфрлаше разни дрвени форми што некогаш ги свлечкало од дрвјата крај брегот: коренчиња, ветки, чатали, и ги држело во себе, ги мазнело во песокта, ги вајало и повторно ги исфрлило на брегот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тукушто поминаа дождовите и сонцето почна да ја грее земјата, да ја вари како во казан, стаса поморија по рибите: осамна езерото со илјадници збрлавени риби што водата ги изфрлуваше на брегот; скокаа рибите низ песокта, прпелкаа се превиткуваа, замавнуваа со опашката, ја тресеа главата, ја закопуваа во песокта за да ја столчат, да прекинат со овие грчеви; умираа со подзинати усти, со испуплени очи; од мевот им се цедеше недоисфрлената икра.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како би било да се запреме, си рече жената - и небото, и водите пред кои стоиме, и веселоста во детското око, и разгледницата од пред николку дена, со кејот на еден град и мостот, што лежи, толку природно во песокот, додека брановите шумолат, бришејќи ги игрите на нашите стопала по мокриот морски песок.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ги чував во едно вирче, ископано во песокот на брегот, но ловев и понатаму со надеж дека ќе фатам некој голем клен, некоја покрупна црна мренка.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ко гајгури во песок ги криеме главите. Нема како, нема со што да се подадеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Загазивме во песокот, ситен како брашно и жолт.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ние, машките, на почетокот бевме меки, ама откако почнавме да градиме палати во песокот, каков натпревар беше тоа чудо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По цели денови се валкавме во песокот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Човекот виде што правиме во песокот, се насмеа, ја остави чантата и почна да прави некаква чудна куќа со дебели ѕидови, високи кули, широки врати, со стражарници, со топови, оградена со вода, ја правеше и ни раскажуваше за некои кралеви, во стари времиња, за маѓепсани принцези, за змеови.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Оттогаш во песокот градевме воденици, мостови, градевме железничка линија што поминуваше отаде џаде и задолжително трите вагони и локомотивата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Чупињата одеа во тревите што растеа покрај џадето и собираа цвеќиња, плетеа венчиња, во песокот правеа бавчи, а ние, машките, градевме крај брегот ровови, бункери, урнати куќи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Оттогаш малите, кога си играа во песокта, одеднаш велеа: мама е онаму каде што изгрева сонцето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
СЕНКАТА НА СИНООКИОТ МЛАДИЧ Секоја квечерина таа доаѓаше на прошетка покрај езерото и детето дури си играше во песокот таа застануваше и гледаше нејзината сенка и сенката на борот заедно како влегуваат и шетаат низ езерото.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Никаков господ не создал толку птици колку што се над петмината оживеани и никаков господ не го качил толку високо вчера обесениот Јаков Иконописец - ги шири рацете, лета, на светов му се нужни нови светци, а тој е светец од оној ден кога во песокот на рекичката Давидица ја закопал мртвата глава на сиротинскиот доброчинител Селџик-бег што ја симнал од кол пред Али-беговата воденица во која еден Ариф Исмаил од Анадол може да сомеле и жито и камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Втората девојка, нашминкана тинејџерка, е снимена, легната помешешки, во песокот на некоја плажа, несомнено монденска, за што сведочат бело-сините лигештули, чадори за сонце и куполести кабини за пресоблекување во позадина на фотографијата, како и делумно фатениот сламен шанк со свежи коктели од ананас, киви, дињи и друго медитеранско овошје, богато гарнирано во издолжени чинии, елегантни како и вретенестата сенка на мускулестиот келнер во десниот горен агол.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Така продолжи сѐ додека од небото не исчезнаа и последните зраци и кога веќе ништо не се гледаше во песокот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Џорџ Смит погледна долу во песокот и откако долго гледаше таму, започна да трепери.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Туѓинецот црташе и црташе без да знае дека некој стои непосредно до него и до светот на неговите цртежи во песокот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Започна да исцртува неверојатни облици во песокот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Напола свртен тој здогледа мал дрвен предмет во песокот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Б.) 58 okno.mk КУЌА ПОД КАЛЕТО Ташко Георгиевски Калето под западната страна е засечен со голем нож земјата е жолта и врз неа ништо не расте ама под тој засек во пеесетипрвата бегалците кои нагрвалија од војводина најдоа една голема куќа што ги заплашуваше со својата грмадност ама имаше ѕидови од тули една или две бетонски плочи што не одеа од крај накрај и тие што успеаја да се напикаат во неа беа спастрени од ветровите што дуваа од кај француските гробишта оти удираа во калето поминуваа врз куќата долу во засекот поминуваа преку реката и им ги мрсеа косите на луѓето во уличките околу плоштадот оти тие во своите влакнести гради донесоа други ветрови и јас кога прв пат дојдов да го барам братучедот кој садеше дрвца по падините на водно со страв влегов во отскриените делови на куќата низ отворот од источната страна се обидов да влезам и ги видов диреците бетонските диреци се губеа во темницата и којзнае дали таму потпираа нешто и освен што слушнав многу гласови не успеав никого да видам само претчувстував како срцето сака да ми избега па избегав јас назад по патчето што го следеше насипот од песок од врби од магарешки трн крпи гуми стари опинци и вјасајќи така во песокот завидов тројца за кои не знам дали беа запретани во неа или таа поминуваше преку нив преку старецот со долга коса и брада виткана во тркалца преку буштравата туфка за која во истиот миг сфатив дека е дете кое му лежеше преку нозете и преку младичот за кој не знам дали му седеше на раката на старецот дали само главата му беше ставена врз неа како врз перница или пак навистина само горниот дел му се подаваше од песокот и незаинтересирано фрлаше камчиња во водата и којзнае зошто јас потрчав по насипот не обyрнувајќи се и кај театарот ја скокнав реката по дрвеното мовче нурнав во уличињата околу офицерскиот и после не okno.mk 59 знам што стана се задржав негде низ град или се вратив во предградието на насипот Не знам зошто одев во куќата под калето кога постојано ме ежавеше страв брегот еден ден да не појде надолу и да се разурнат шарките на времињата кои поминуваа по неговата жолта страна ви кажувам не знам зошто одев кога и самата куќа имаше нешто застрашувачко во густата темница што се таеше меѓу диреците оти мојот братучед можев да го најдам и кај нас зад насипот каде што неговата маќеа пасеше бела коза по бавчите и молзеше по ока полока млеко за неговата ќеркичка оти жена му марија своето убаво женско време го поминуваше во лешочкиот санаториум а пак кај нанчо можам да ви речам дека ништо не ме влечеше оти во мене тлееше голема навреда од што ме напади првата зима што ја зимував во скопје а сега својата дрвена берберница од паркот спроти градската болница ја има преселено во ќошот лево веднаш крај самиот влез и ја има сросано на два ката долу за бричење а горе за спиење со жеништата што ги турка со глава по раскрцканото скалило направено од две штици ви кажувам не доаѓав ни за него ни за братучедот кој често клечеше или лежеше во аголот врз сламарникот меѓутоа јас често се уловував како драбам по насипот крај реката очекувајќи да ги здогледам детето со разбегана коса по главата момчето со долгиот врат како фрла камчиња во реката и старецот сиот завиен во козина таму каде што се гледа душата Мојот братучед во квечерините ја симнуваше планината на своите плеќи и лежејќи на сламарникот со лицето нагоре врз кој само што не паднале налепените весници од таванот и оти во мислите бегаше до долното предградие каде што фодулка ја доеше малечката со козјо млеко и оти со очите сакаше да го продупчи таванот и бетонот и да стигне дури до лешочките шуми кај својата марија и оти и којзнае дали знаеше дека седам на штицата спроти него со нозе во меката коса што ја отсекле ножиците на нанчо од главите на бегалците тој напати мласнуваше скрцкуваше со забите како да дроби нешто и не слушајќи дека го прашувам дали нешто знае за оние од брегот на реката ама затоа пак ме слуша нанчо кој се врти околу една жолта тиква од која одлупува портокалови шлупки и вели ах оние мајмуни оној стар прч везден што молчи оној со долгиот врат кој како да му е врзан за половината и она детуле со 60 okno.mk бела коса што везден му седи на рамењата да вели нанчо ги знам како не ќе сум ги знаел сите ги знаат оти везден се прпелкаат во песокот и долу во косата паѓа уште една портокалова шлупка и продолжува нанчо живеат откаршија на она коматче бетонска плоча што стигнува до ќошот и се имаат заградено со црна книга скинати вреќи и ламарина и молкна а продолжи само неговото штрак штрак штрак и жолтата глава веќе не беше жолта туку којзнае каква со голем трап по средината на вратот и трапот се качуваше до врвот на главата и додека помислив дека таа глава ќе почне да вреска оти е така страшно нагрдена нанчо помина со малечка метла преку неа по вратот и рамењата и од столот стана една голема снага ги исклешти забите во мене и во братучедот кој веќе пушташе писки низ носот сполајти му рече на нанчо спуштајќи му книжна пара во раката па одвај успеа да се протурка низ малечката врата и додека вратата беше отворена во слабата светлина на денот што си заминуваше привидов нешто како голем сандак обесен под најгорната плоча и една дебела ортома што се спушташе дури до земја ете таму живеат вели нанчо и дебелана ортома што ја гледаш ама не дорече оти братучедот се беше степал со некого во сонот па мавтајќи со рацете скокна од сламарникот рече бре да така вие со мене и после не сакаше да каже кој му се пикнал во дремката истрча од одајчето на нанчо истрча во крајот на денот а по него и јас и се вративме зад насипот да ја преспиеме ноќта врз најгорната плоча под самиот опул на yвездите Летото го сновевме од планината до предградието од градините до коријата на градскиот парк каде се капевме во долги гаќи криејќи се во кривините во вировите на реката за да не нé видат момите во уличките околу плоштадот каде не можевме да си ги загубиме дирите и тоа лето во лицето на сестра ми налепи само саѓи очите � ги напика длабоко во челото пламенот во нив го прегоре леле и чиневме дека го слушаме рапавото кашлање на жената на мојот братучед дури од лешок само јас и мојот братучед прв пат бевме во тоа лето и си го носевме како можевме и како умеевме и во мене сé уште беше пикната и куќата под калето и чинам цело лето ја макнев како предизвик и премама како сон и јаве оти беше голема оти беше населена со бегалци дојдени од рамниот север избегани од плодна и женска земја верувајќи дека тука ќе бидат во здивот на својот ветер и секогаш кога можев одев таму вртев околу неа okno.mk 61 надевејќи се дека ќе ги издемнам старецот момчето и детето не знам зошто ама тие веќе беа во мене и чинам отсекогаш сум ги познавал како да ги носам нивните слики којзнае од кога ама сакав повеќе да чујам за нив сакав да бидам начисто еден ли е или тројца оти очекував да ги уловам како се спуштаат и качуваат по ортомата оти еднаш нанчо рече тие по неа како мајмуни детето и момчето а после во кошница седнува старецот и го креваат во својот живот само никогаш не ги затекнав да видам колкава е силата на момчето штом може во кошница да го крене старецот дури не сакав да поверувам во тоа оти таму горе сигурно има некоја врата во ѕидот и од таму тие се симнуваат во песокот на реката ама братучедот се смееше и ми велеше како да нема што да слушаш и со што да си го полниш умот остави ги тие зејгори за кои не знаеш ни дали имаат болка во срцето а човек без болка не е човек на што му се спротивставив тврдејќи дека еднаш навистина ги видов во песокот на реката и од што не успеав да разлачам еден ли се или тројца сега сакам да го расчистам тоа само не му кажав дека почнав да измислувам луѓе и судбини и дека нив во песокот ги видов како можна идеја да се замисли цел живот на еден човек во еден миг ама кога нанчо вели дека таму живеат тие сигурно таму живеат не сум ги измислил јас само пак од друга страна ме копкаше што досега ете речиси цело лето како доаѓам во берберницата на нанчо а ништо ни да чујам ни светлинка да видам низ дупките на ламарината и на вреќите или пак нешто паднато долу што ќе биде знак дека горе под плочата во заграденото живеат живи луѓе и веќе преземам мерки сам да се уверам во тоа едноставно сакав да се изјазам по ортомата за која ми се виде сигурна и дебела и за таа моја намера не му кажував на мојот братучед само на крајот на краиштата таа намера си остана во мене оти летото невдоапно клоцна крена думани околу градот и низ улиците и чинам одеднаш избега нагоре во небото и во еден таков правлив и подзамижен ден јас и братучедот одевме во куќата под калето да слушаме како бегалците си го кажуваат животот вистинскиот и оној што си го измислуваа ветрот бувташе во нас и нé туркаше назад кон градот кон долното предградие каде се наоѓа една друга куќа во која живееме јас и тој само му се опираме на ветерот оти веќе таму на пенџерата ја нема мојата сестра низ неа сега се слуша само плачот на мајка ми и таа си замина со думаниве што фатија над градот а беше добра беше мома и 62 okno.mk немаше ни дваесет години и слушај му реков на братучедот и сакав да му кажам дека денеска секако ќе се изјазам по онаа ортома и ќе видам што има горе дали нанчо ми прикажуваше нешто јас што сум го смислил или тие навистина живеат горе и веќе бевме под калето ги чувавме жолтите пластови од засекот врз нашите плеќи и така напред ја догледавме куќата како грмада и целата исчадена и некако здробена и во градите ни стана уште постудено и глотливо и тогаш пред куќата видовме купче луѓе одеа таму ваму и нешто како си подаваа а кога стигнавме поблиску видовме дека носат мртовечки сандак обичен и евтин сите молчеа и гледаа напред ветрот си играше со нивните коси и додека го спуштаа во коњска запрега нанчо ги имаше расчепатено нозете штракаше со ножичките во празно и ни кажуваше којзнае од кога е умрен горе во заграденоно го врзаа за половината и го спуштија со ортомата и јас не прашав каде се другите детето и момчето сфатив дека тие се со него и во него оти кога човек тргнува за да не се сврти никогаш повеќе тој со себе го понесува сиот свој живот и така коњите удрија со предните нозе во тврдата земја ја повлекоа запрегата скрцкаа тркалата и мислам еден или двајца ако појдоа по неа другите се прекрстија и влегоа во куќата а нанчо продолжуваше да го стрижи воздухот. okno.mk 63 ЃОН Драги Михајовски Не знам точно дали приказнава започнува во вторник или петок ама сигурен сум дека беше тоа еден пазарен ден во Битола, а во Битола само вторниците и петоците е пазар, тоа сите битолчани, а и многу небитолчани го знаат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Без збор се одвоивме од групата, исто така несвесно како што им се бевме придружиле и одшетавме преку песокта, само за кратко застанувајќи на местото каде што претходно лежевме во љубовна прегратка, за да си го собереме остатокот од работите во торбата за плажа, да си ги прибереме чевлите, да си го најдам паричникот и да го запретам во песокта мизерниот, наизглед издишан кондом што ти се преправаше дека не го забележуваш. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 181
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ уште бакнувајќи се, му го искинав сплесканиот, исушен омот и тогаш тој ми отскокна низ прстите како федер од часовник и падна во песокта меѓу нашите нозе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Одговори Откако засекогаш го избриша она што го запишал во песокот пред себеси го прашаа што напишал а Исус им одговорил: јас ништо ниту запишав - ниту избришав!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- Како ќе течат чешмите, кога во реката вода нема, кога на метар и половина капка вода не се појавува, зборуваа оние кои копаа во песокта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Страста на тоа дете за обликување му ја задоволував создавајќи портрети на луѓе или фигури на животни во глина, во дрво, во песок, но најчесто во снег.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мони не се симнуваше, иако јас седев во песокта и ја чекав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Седнав во песокта и зедов да си играм со камчињата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас бев многу малечка и си играв во песокот со Сандра или понекогаш се клацкавме на најниската клацкалка и си правевме „плескавици“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не фрлајте ги во песокта ѕвездите што ги мразите!“)
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Широк замав Ја отвора утробата на денот Од темниот облак скакулци само еден слетува Да избере могила за мртвите крила И заспива во песокта на заборавот Со смеа што прска црвено Маестрото слегува од сликата Со мечот на Хамлет во раката А никогаш не слушнал за боите на смртта. 6. 10. 2000 г.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Она што ќе го ветиме не знае кога да се преправа дека не нè препознава, кога смее да се повикува на нашето кусо паметење, а кога насмевката своја да ја пушти за да нè озарува со празнично славје Она што ќе го ветиме расте и по грмушките на нашиот заборав Како и гроздот на лозата кој не знае што да стори со листот што му го крие сонцето Она што ќе го ветиме не знае кога да ја прифати нерешителноста на нашата верба и нејзините забавени чекори а кога да се исплаши дека ќе остари со нас Каменот што случајно ме сретна во младоста (го фотографирав за да не го заборавам) го чував за да го соочам со песната што му ја ветив пред да го вратам во песокта на заборавот Станува збор за единствениот камен на пирамидата што требаше да ја изградам во дворот на моето детство (Требаше рогот на мојата градба да го досегне дури Млечниот пат) така гласеше неразумната заповед на сонот Инсектот одреден да почива во пирамидата одамна е исчезнат од саркофагот на сеќавањето.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ветрот е во став мирно а и галебите не гракаат под сувата грмушка во песокта.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Големиот бран си побара заклон во песокта на времето а на ресторанската тераса доцна се сфаќа една од многу пиво се добиваат изгореници.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Продолжив да одам и гледав во гулабите, па во полузаглавените школки во песокот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Немал затворено дно, туку херметички продолжувал во вратот на мешлест сад наречен кукурбит, кој ја содржел течноста за дестилација и делумно бил вкопан во песокот на атанорот, поради порамномерно загревање.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Босонога ги оставам зад себе стапките во песокот крај брегот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Играв со момчињата во песокот на плажата, со кофички правевме дворци и тврдини од песок, а кога ќе станеше премногу топло тие трите момиња и јас трчавме во водата, се прскавме и врискавме од радост.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И таа како мене чуваше деца во едно семејство, па се запознавме таму на клупите во паркот додека децата играа во песокот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ја довлече на суво. Со раце копа во песокот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК