во (предл.) - магацин (имн.)

Кога испука сѐ, што имаше во магацинот од својата пушка, Претседателот остана нем и неподвижен на прозорецот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нашите луѓе, осем тие што првпат ги заслепува богатството од стоки, сѐ почесто се среќаваат во стоковните куќи, каде што се продава по фиксирани цени, или во магацините, каде што тоа е веќе одамнешна практика.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ми помогна да ја суредам собата која беше претворена во магацин, зошто долго време никој не ја употребуваше. Конечно заличе на пристојна соба.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Што е тој, кој ја чува во магацин, кој секој ден во тетратка запишува толку и толку пушки, гранати, митралези, мини, фишеци, штикови се дадени...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)