читател (имн.) - ќе (чест.)

ВО ОВОЈ богат новинарски опус читателот ќе се судри со една жесока вистина: богатите и развиените земји, сиромашни се, оскудуваат од оние свечености на духот што е белег на економски понемоќните, понеразвиените.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Читателот ќе биде предупреден уште од првите страници на книгата: „Победата или поразот никогаш не му се нудат на човекот во чиста состојба, како што впрочем животот постојано сведочи.”
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, ако и читателот во пајак се престори, ако заплете и тој ситни нишки во мрежата, ако му ги смеша конците на создателот, тогаш пајакот од средето не ќе може да го голтне, оти ќе залута, оти не ќе може да ги разликува своите од туѓите нишки; и ќе умре од глад, а читателот ќе преживее.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
(...) Да не мислиш на „потребата од разбирање“? На потребата за еден вид „сигурност“ на раскажувачите дека читателите ќе им веруваат на нивните приказни, како во „Верувате ли?“?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Името на читателката на оваа приказна, значи, отсега ќе биде Асенета, според жената на прекрасниот Јосиф, а тајното име на читателот ќе биде Аристин, како што се викал еден писател во XII век.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Освен во печатена верзија, оваа детална и опширна студија е достапна и онлајн на следните линкови: http://lenka. mk/wp-content/uploads/2012/10/obezbrednuvanje_na_trudot.pdf и http://www.solidarnost.mk/wp-content/ uploads/2013/01/032-obezvreduvanje-na-trudot.pdf. 10 лавиринтот на измените, најзначајните позитивни и негативни измени со задебелен текст ќе бидат истакнати на самиот почеток во анализата на соодветните закони, а дополнително читателот ќе биде упатуван на конкретните членови со кој дошло до изменување и/или дополнување на постоечките законски одредби.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК