пријател (имн.) - писател (имн.)

Мислите на двете жени се недофатливи поради шокираноста и стравот, но Фјодоровиот пријател сликар ги виде како цитатолошко, дадаистичко надреалистички форми, што не му беше премногу тешко зошто долго долго во детството имаше гледано надреалистички и дадаистички репродукции, а исто така работеше на илустриранјето на “Лабрис”, дело на Фјодоровиот пријател писател.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се обидува да напише писма до Фјодоровиот пријател писател и Фјодоровиот пријател доктор за да ги праша дали знаат нешто за оваа болест на лебдеење за која тешко се осмелува да го испише зборот “болест” но сепак го испишува - повеќе од страв отколку од потреба.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се сеќава дека во едно од поглавјата за Толоси неговиот пријател писател пишуваше нешто за овие феномени, но тоа беше така одамна што едвај и да се сеќава на тоа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мириса на богата госпожа Сенка. „Госпожа Сенка“ според дефиницијата на Фјодоровиот пријател писател е жена која мириса пријатно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Според неговиот пријател писател постојат две врсти на госпожи Сенки; првата врста е сиромашни госпожи Сенки кои мирисаат пријатно но не толку пријатно како втората врста, а тоа се богатите госпожи Сенки.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но и овде надежните денунцијанти, кои нишанеа сега на мојата директорска позиција, не ме оставија на мира, сѐ додека не ме сменија поради нивните незаситни амбиции и не ме сместија со моите книги во едно одајче на влезот во Институтот, кое како да беше прикачено за градбата и висеше во просторот, наречено во шега од еден мој сакан пријател писател вавилонското одајче на Климент Камилски!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК