песок (имн.) - и (сврз.)

Зашто не знаат за стапалките во песокот и за трите стебла врз кои ноќе спијат ѕвездите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ги влечка Глигор нозете во мекиот песок и му се причинува: таму зад жолтунестите рабови на хоризонтот го очекува бистрото око на кладенецот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Станаа тие, облекоа чизми, зедоа лопати и копачи и отидоа на насипот, Фрлаа на процепот камења, дрвја, базје, вреќи со песок и го затинаа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Речиси, еднакви делови од песок и подгорена трева.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Господи, таква треска веќе никој никогаш на светов не ќе има: меѓу гробовите се движат еден преку друг зелени коњоштипи, лепливи богомолки и гасеници: гризат камен, голтаат песок и иловица: нивната алчност ја истанчува земјата - под неа се отвораат зелени бездни од кои по ништо се качуваат стоногалки, жегавици и пајаци: гнасните бубачки ќе војуваат меѓу себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Заради влакнестиот грб потсетуваше на ѓавол од прикаски кога се откопува себеси од песок и неродица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кај Данте, душите на оние на кои страста им го заплеткала разумот, на забранетите љубовници (Семирамида, Дидона, Клеопатра, Елена и Парис, Франческа и Паоло – извонредно друштво!) „пловат како чапји“ Лепет на невидливите крилја: зборот, чапјата – Ardea, кажан, под песок и книги, кој знае кога, во нечиј страстен љубовен крешендо, или во внатрешниот монолог на непознатиот, долетува, по мистериозната, музичка аналогија, во она што го запишувам.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Џорџ Смит погледна долу во песокот и откако долго гледаше таму, започна да трепери.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Со купаќи околу зглобовите, претавме како пливачи за да си ги ослободиме нозете, скоро како да очекувавме плимата да не облие исто како Берт Ланкастер и Дебора Кар во нивната славна љубовна сцена на плажата во филмот „Од овде до вечноста“ - сцена која е толку славна што иако ниту еден од нас го немаше видено филмот, нашите тела ја заземаа истата положба како филмските ѕвезди на песокта и ти нежно ми шепотеше, „Се плашам да не останам трудна,“ а јас тивко ти одговарав, „Не грижи се, имам заштита,“ и продолжувајќи да те бакнувам, ги напипав соблечените кратки пантолони и паричникот во кој со месеци го носев Вулканот како да беше амајлија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На патот што се викаше џаде, се подаваат истите камења од набиеницата песок и земја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Без водата од правецот на Дарван, ние сме осудени да се сушиме како риби на сонце, местово ќе стане само песок и пустина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако само малку се концентрираше, на сликите можеше да им додаде и звуци и мириси, цела атмосфера: крцкање на летен песок и слатка врелина под нозете, тазе испеглана постелнина, Нивеа, печени тостови со кулен и млечен намаз, здив после ќебапи, куп искористени кондоми и кучешки лаеж.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Малку или многу беше количината на фрленото железо и олово врз главите на немоќните луѓе, малку или многу се загинатите чии коски лежат во масовни гробници на просторот меѓу раскрсницата пред селото ’Рби и мостот на Пероо - Кулата, меѓу брегот на Големото и песоците и трските на Малото Преспанско Езеро?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Седиш на градска плажа и поред тебе вештачка палма ти го гали левото рамо, а позади тебе љангар од парк ти моча у квази морскиот песок и дур пиеш секс он д бичот за 230 денара и се осеќаш ко у Мајами бич од другата страна на Вардар загледуеш цигани како собираат пластични шишиња, а после те маа параноја дека чичкото од америчка амбасада те зумира одозгора и ти ѕирка у купаќи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК