песок (имн.) - на (предл.)

- Ме спаси од смрт во песоците на Сахара. - Кој? - Смарагда! - Како бргу умееш да измислуваш, - тажно се насмевна Ана.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ги чував во едно вирче, ископано во песокот на брегот, но ловев и понатаму со надеж дека ќе фатам некој голем клен, некоја покрупна црна мренка.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ќе бувне ветерот низ решетката и ќе се срони ко песок на мене, ќе ме згугурави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никаков господ не создал толку птици колку што се над петмината оживеани и никаков господ не го качил толку високо вчера обесениот Јаков Иконописец - ги шири рацете, лета, на светов му се нужни нови светци, а тој е светец од оној ден кога во песокот на рекичката Давидица ја закопал мртвата глава на сиротинскиот доброчинител Селџик-бег што ја симнал од кол пред Али-беговата воденица во која еден Ариф Исмаил од Анадол може да сомеле и жито и камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето се стаписани. Стојат над двајцата мртви луѓе и ги обрнуваат главите и го гледаат песокот на Марс и далечниот бунар во кој Регент флотира во длабоката вода.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Така заминавме за Калифорнија и ден и половина одевме горе-долу по Пацифичкиот брег, и на крајот се сместивме на песокот на Малибу каде вечерта готвевме колбаси.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Знам од книгите за него, дека и тој копнеел по едно парче земја во поодминатите години, императорот кој создал закони и на граѓаните им дарувал милост, сакал да се повини на копнеж стар, дури телото сѐ уште му слугува, да се врати во познат предел со песок на ритчињата, со хумус под сенките на боровите и да го чува парчето земја како што го чуваат селаните своето, ако треба со секира.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По тие групи имаше собирања во паркот каде што некој ќе се најдеше на договорената клупа да задрнка на гитара, кошкање парталава топка по длабокиот песок на дивата плажа, ненадејни прошетки со позајмен велосипед по насипот покрај реката од градот до предградието, непланирани потсвирнувања на другари во темница кога под прозорецот не очекуваш ништо друго освен мирис на босилек.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Предаден е живописно Летот таа нес(о)вршена именка таа нимфоманка тлоцртот на гризодушјето живиот песок на егзилот - штрковата земја, навидум пуста стравот да се користи истиот јазик да се проколне, зборот да оживее.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ти што ја виде црвената птица како над полето прелетува сега си жеден како речно корито скриено под песокта на жешка пустина.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Големиот бран си побара заклон во песокта на времето а на ресторанската тераса доцна се сфаќа една од многу пиво се добиваат изгореници.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Злото чкрта со забите, се рони песокот на пакоста, во животот ќе го добиеме тоа што има го даваме на другите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Играв со момчињата во песокот на плажата, со кофички правевме дворци и тврдини од песок, а кога ќе станеше премногу топло тие трите момиња и јас трчавме во водата, се прскавме и врискавме од радост.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК