песок (имн.) - во (предл.)

Израмни го песокот во песочницата што поубаво можеш.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И песокот во светлината што замираше имаше боја на растопен бакар во кој сега беше врежана пораката што секој човек од секое време може да ја прочита и вкуси низ годините.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Половина од песокта во песочниот часовник е истечена, тасовите на вагата мируваат, мирува и ѕвоното, иако во секој миг може да го удри последниот час.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Или можеби времето застанало и песокта во часовникот ќе застане, ни ваму ни таму, а тасовите на вагата во својата рамнотежа покажуваат дека веќе сѐ е сеедно и нема значење, а ѕвоното нема зошто да удри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа пак се исправи и неговата висока конструкција, со своите седум декади од животот, што му тежеа како седум посебни товари, крцкаше како да имаше песок во зглобовите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И додека го обликувавме песокот во разни форми и фигури, таа ни раскажуваше за неа кога била мала, за вујковците.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Како јужен ветер што го бранува песокот во пустина и прави бразди.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Босонога загазувам по песокот во ноќта, барам, нежен допир, питом поглед...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК