маса (имн.) - народ (имн.)

Маса народ тргната од некаде за некаде, се движи како несопирлив бран украсен со разнобојни транспаренти што поединци ги носат кренати високо над главите, со знамиња што се веат над нивните глави, со извици што се креваат до небото и со барање на кое мора да се излезе во пресрет.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Под оваа, доаѓаат заглупавените маси народ кои по обичај ги нарекуваме „ пролови“ и кои сочинуваат околу осумдесет и пет отсто од населението.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На кејот огромна маса народ со големо љубопитство ја гледал илуминацијата којашто од морската шир го осветлувала градот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Голема маса народ се растрча по улиците очаена и возбудена.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тогаш се одлеа целата маса народ, како да истече со водата надолу низ долината.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И овде одржал повеќе проповеди пред голема маса народ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Но, не само политичарите се тие што стравуваат оти пукаат со ќорци во масата народ, туку во таква расположба се и некои чинители на уметничкиот израз.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)