камен (имн.) - по (предл.)

Обезоружени, овие почнаа да бегаат, селаните се спуштија по нив, засипувајќи ги со камење по грбовите и главите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И ми се чинеше дека истото прашање го поставуваат за човекот што стоеше под бандерата сите оние од котлината на смртта од истурените шатори, оние што со наведнат поглед погледнуваа накај столбот, носејќи ги на врвот големите камења по патеката со расфрлени парчиња бодликава жица, тапкајќи по неа со боси стапала, и оние кои папсани ги трпеа ударите со кундаци и челични камшици.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се тркалаат ко камења по улиците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чукавме со камења по стеблото, за да го натераме врапчето да се доближи до отворот. Ништо.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Не знаев зошто ме вика, но претпоставив дека по онаа случка на кејот, Луција му раскажала дека јас сум фрлил со камен по џипот, и дека тој ќе бара да му ја платам штетата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Има, Влатко, - Капка по капка - вир! Камен по камен - мост! Зрно по зрно - погача!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ја правеше викендичката сам со години, со голем мерак и љубов, камен по камен, даска по даска.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Еден викенд отидовме во Маврово, во куќичката која ти ја правеше со голема љубов, со години, камен по камен, даска по даска.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Арно ама, времето, војните и селаните од околината, сакајќи да ги потпрат ѕидовите од своите имоти, ја разурнале камен по камен, па сеќавањето на кулата се чува само во приказните...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Двете другарки кокетно извивајќи ги своите тела, скокајќи од камен на камен по турската калдрма стигнаа во дворот на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК