камен (имн.) - на (предл.)

И камен на шија полесно се носи од пуста црна печалба! (На Циганите). Што спиете, бре! Чукајте, дури господ да чуе!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Не го гледаш? Кога оди по калдарма, како мачка од камен на камен стапнува.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Таа беше темнолилава и слична на сите сенки а тој копнееше по влажно зеленило каква што е мевестата облека на шумските стебла - зеленило смекнато од сочното млеко на земјата. И влажни камења на крај поток.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ненадејниот полумрак ги завитка сите предмети во лилава таинственост а на Јана ѝ се стори дека во таа соба на татковата куќа е сѐ туѓо и непознато и дека од негде е донесена овде да се морничави и со зачуденост да гледа долу, на улица, како водата ги лока камењата на старата калдрма.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Квечерина ја раздиплуваше известената војничка карта И на неа се мачеше да го распознае својот глас Врз полегнатата војска низ полето Ја корнеше мовта, го соголуваше камењето на тврдината Раскопуваше низ полето, ги чистеше рововите, И некаде на залез, студен ветер кога надоаѓа од замаглените ѕвезди, Тој долго стоеше простум и со војнички поздрав сам си ја пееше песната некогаш што ја пееја неговите момчиња: Отвори ја вратата, можеби ноќва ќе се вратам...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Дете на градите на мајката Загледано во ѕидот на куќата, Девојки скриени во житата со небесни цветови во косите, Црвена светлина што се слуша отаде петровденските камбани, Светулка скаменета на отворена книга во дворот, Коњ што фрчи низ ветерот над реката, Стар часовник што бие меѓу прозорецот и ноќта, Име врежано во каменот на соседот, Бела пеперутка што се буди во тревата, Жнеачка што му шепоти на плодот во неа, Девојка што се крие во душата на темјанушката, Старец што оре со погледот по мапата на татковината, Буква скриена меѓу црешите За да не може да се соопшти зборот што е неопходен, Победници што се плашат од пепелта на поразените, Денот на нејзиното раѓање – меѓу два глужда на црешата, Непрепознатлив глас што шета низ темнината, Младичи што којзнае Од која страна на времето заминаа, Пролетен ветер што тропа врз твојата песна И ти Што сакаш да ме прашаш Уште ли живееш спроти нас, Во пустиот дом на старичката?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Приплакуваат и колнат; фрлаат со камења на училиштето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се згрчи позеленет и зграпчи поголем камен на кој пред тоа се потпираше со едниот опинок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко ми го замислуваше Чанга и како проклетиот балкански Сизиф кој се бори за козите, со тие бели камења на вечното уривање.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Размислував, чеда мои, долго размислував, пребарував по книгите и спомените од разговорите со Чанга, а ние везден и долго зборувавме за Калето, јас му читав од моите книги, а тој историјата ја проверуваше на секоја врвица, на секој камен на Калето...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во јазикот на алхемијата, удиралката за пченица („небеското“ - бидејќи алхемијата е „небеско земјоделство“), Вознесението на Богородица, соблекувањето на невестата - сето тоа се метафори кои имаат исто значење: чистење - уситнување на нештата и нивно претворање во сребро и злато, или подобро во „камен на мудреците“ кој се споредувал со кристалот. 196 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Признавајќи ѝ ја важната улога за вештините, на алхемича­рите не им било тешко на солта да ѝ го признаат статусот на каменот на мудроста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Зошто? Зошто?“ „Кој би можел да рече дека еднаш, еден таков човек во токму таква машина од хартија и бамбус, нема да долета од небото и да фрли камења на Големиот Ѕид?“ запраша царот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се расплака Дедо Мраз во земјата Дардаванија и со камен на гради, со очи испренасолзени и раце несмирени, застанал пред вртелешката, меѓу оклештените кукли, која од која поубава, која од која полична.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Беше тоа дупка од одвај десет или дваесет метри длабочина, со грамади од камен на дното.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден ден за вежбање на војската ставија камче на столпчето за километража, на тие што ги има по патиштата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во долината осамени скитници црвени усти од каменот на сушите а небото во боите на морето на мојот осамен Полуостров.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
4. Исчезнуваш А твоите сенки в пена Останувам сам на белиот камен на летото.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ружо црн бакнеж на ветрот што првата тага ја чува во каменот на пладнето (а мовта е сета од белези на минувањето) Ружо, око на огнот слепа е ноќта до твоите колена а коренот во слутење на пепелта има крв што румено умира.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Кога врчвата ќе се преполнеше, сама ќе се навалеше, па ќе се клапнеше, чукнувајќи по работ на каменот на малиот базен под неа, ќе се превртуваше удолу, за да се испразни од водата, според законот на физиката, па бидејќи беше празна повторно ќе се исправеше под чепот на бурето, за да се поднамести за повторното полење...и сѐ така во круг...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И кога човек се оддалечува, а тишината на камењето на историјата неуспешно ја надгласуваат упорните водичи, патот го води кон големите европски градови, каде што се пресилни гласовите на минатото, повиците на револуциите, дефилето на вековите...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Отсега нема ни смешка, ни мрштење кога некој поет во песната ќе ѕида камен на камен, дури отаде сонцето и отаде месечината.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Двете другарки кокетно извивајќи ги своите тела, скокајќи од камен на камен по турската калдрма стигнаа во дворот на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не знам дали поради нејзе или поради себе, сепак, го облеков новиот костим за капење и ги сложив колку-толку со марамата и пешкирот, па со децата се спуштив по камењата на влечки на плута за да добијам на висина, а со тоа и на виткост.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Секоја грмушка и секој камен на Грамос претворете го во гробница на монархофашистичките орди за да се осуетат поробувачките планови на англо- американските империјалисти, за да стигнеме до победата...”
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Заемката која преживуваше во неколку балкански јазици, со мали и незначителни модификации кои се должеа повеќе на природата на новиот јазик, според Камилски, филозофски речено може да биде и pierre d` achoppement, камен на сопнување, односно повод за дебата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК