илјада (имн.) - начин (имн.)

Може да се штеди и бензинот, и плинот, и парното греење, и дрвата, и облеката, и чевлите, може да се штеди ако не се прејадува, ако не се препива, може да се штеди ако непотребно не се патува, може да се штеди ако не се фрла, кине, валка, гази - може да се штеди, добри мои, на илјада начини, а не е потребен наук за да се совлада вештината за штедење.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тие беа дури и среќни, пресреќни, дека најпосле ќе се оствари нашето вистинско, а не само на илјади начини замислувано патување низ Езе­рото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Знаете де, тука е царството на кафето ама и на коката а шиткачите на кока неумерено често милуваат да кокнуваат, на илјада начини да кокнуваат, ептен им е бујна фантазијата за тоа.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Би можела и да те заборавам на илјада начини... но не сакам .. ќе те памтам, ќе те чувам во умот, во душата, во срцето...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)