илјада (имн.) - осумстотини (бр.)

Меѓу тие ветви саблерски колиби, во таа пролет, илјада осумстотини деведесет и седма година, се гради нова зграда...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
1. Сонцето веќе беше искочено високо над Перун и почна да припечува над главите на аргатките во оградите и нивите на Демовци, Селимовци, Мерсиновци, Адемовци, Гола Сабја, Маџаровци и другите турски чифлизи во Крушевица кога, во еден од убавите пролетни дни на илјада осумстотини осумдесет и... година, се вратија од полето Јован Пантовски и Адем Маџаровски и се качија на маџаровската кула.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во илјада осумстотини триесет и петтата, во доба кога јавачите на апокалипсата биле вечни и достојни на обврските и кога толпа тврдоглави Кукулинци терале спрегнати двоколки преку планини и беспатици да донесат од крај свет камења за ред воденици, Јаков Иконописецот го запалил богољубивиот Круме Арсов но најдивите од дружината го зграпчиле пироманот и го обесиле.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Малку пред или по вториот Нобелов роденден, во илјада осумстотини триесет и петтата година, завршува гимназија Карл Маркс и Лермонтов им ја подава на рускиот човек и на светот Маскарада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во илјада осумстотини триесет и петтата година, со раѓањето на еден од римските папи Пио (X), (по пет години откако францускиот венеролог Рикор докажал дека луесот и гонорејата се две различни болести), на ватиканската ризница ѝ се бројат или ќе ѝ се избројат околу дваесет илјади дукати како данок од проституцијата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во таа илјада осумстотини триесет и петта година умира композиторот на Норма, Белини, и се обвиваат со филц и гума тркалата на парниот автомобил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во таа илјада осумстотини триесет и петта година продолжува во Африка и Азија движењето на европските колонизатори и се грчи на крвав камен Македонија. ***
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По ден, тогаш веројатно по последниот јасник во таа илјада осумстотини триесет и петта година, додека светлоста откосо се ближела кон рудината на која стоеле, нејасноста во очите на видовитиот не можела да им стане водач.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И им го раскажал крајот на настаните од времето на Проказниковата дружина: ако преживее, ќе испече брав и ќе ја прослави победата, потоа ќе седне во манастирска ќелија и, одржувајќи го животот со танко, селско винце, ќе ја доиспише историјата од онаа илјада осумстотини триесет и петта година: како со децении да собирал искинати и расфрлени парчиња од писмо, некако сепак го дознал крајот на настанот по смртта на Лозан Перуника што се простил од писмениот човек во мантија во времето на Балканските војни ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Толку долго бил врзан за минатото со спомените и сеќавањата на некогашните жители од селото на кое му служел што изгледало дека зачекорил рамно од онаа илјада осумстотини триесет и петта година кон чадливото завршување на Втората светска војна: воскреснал, ја стресол земјата од топџиските раменици и - еве го, пратеник на заборавените, сеедно што пред патот на четириесет и тројцата терачи на двоколки, а и потоа, се одигрувале и поголеми и позначајни настани за кои светот знаел од папируси и пергаменти, од паметници и книги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но животот се движел по линијата на својот пат и по осудувањето над човечки век на преживеаните од дружината: пред првите есенски дождови, по незапомнетите суши и страдања во илјада осумстотини триесет и петтото лето, според календарот на христијаните, за сите седумдесет и шест куќи во Кукулино ја ткаеле својата камена песна над пените на плитката Давидица дванаесет воденици, ноќе и дење, потоа, и од другите села да почнат да им доаѓаат тврдоглави луѓе какви што се раѓале под црногорицата носејќи на магариња или планински коњчиња пченица и 'рж.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)