ѝ (зам.) - бие (гл.)

Сонцето ѝ биеше в очи и повремено се засолнуваше со раката, гола до кусиот ракав од фустанот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И тука се сите, сите, сите: децата, Цви, неговите, нејзините родители дојдени на посета кај сватовите и таа облечена во фустан со ведар дезен и прекрасна берлинска шапка по последна мода што не допушта во очите да ѝ бие сјајното галициско пролетно сонце... 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во срцето ѝ биеја камбани.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)